Мицкоски објави селфи со Мизрахи: Дисидентите!

од Берта Китинска
440 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доцна ноќеска објави фотографија со разрешената министерка Рашела Мизрахи на својата Фејсбук страница.

-Дисидентите! Зошто? Затоа што ја сакаат мајка Македонија!, напиша Мицкоски на сликата.

Во раните утрински часови Собранието ја разреши министерката Раше Мизрахи. Со 62 гласа „За“ и 26 „Против“ пратениците во 03:50 го прифатија предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на Мизрахи од ресорот труд и социјална политика, бидејќи не прифати да ја промени таблата на која стои името Република Македонија.

Слични содржини