Мицкоски одржал средба со Касами и Лимани

од Nikola Popovski
295 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Тетово одржал средба со лидерот на БЕСА Биљал Касами и функционер од истата партија, Фатмир Лимани.

Лимани објави на Фејсбук дека разговарале за неколку теми, меѓу кои активната блокада на Собранието, за барањето на ДУИ за втора јавно-приватна електронска лотарија, проширувањето на најфреквентниот пат во Чаир, за наводните злоупотреби на УЈП.

Лимани е поранешен заменик-директор на ЕСМ и познат е како внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Слични содржини