470
Ова не е негативна кампања, ова е црна кампања од подземјето, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дневникот на ТВ Сител.
Тој посочува дека „чувствува Скопјани масовно ќе излезат и ќе гласаат во недела“.
-Имаме веќе мнозинство во Советот, очекуваме победа во седум скопски општини плус победата на Данела Арсовска во градот Скопје, смета Мицкоски.
Во однос на потребното мнозинство во Советот, после договорот со Левица, Мицкоски вели дека имаат разлики со партијата, но заедно сметаат дека политиките на СДСМ се погрешни.
-Седнавме со нив на маса. Продолжуваме со окрупнување. Целта е владеачката партија да замине. Важно е во недела да има мобилизација за да победиме, порача Мицкоски.