278
Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја критикуваше власта за овие 100 дена владеење и наброи неколку работи кои оваа влада ги направила.
„Ветија живот, можеле подобро, можеле повеќе, а за 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ – загубена интеграција.-Трговија со идентитет – загубено достоинство. Вели дека се загубени 1400 загубени животи за само сто дена, …ова не се работи кои се случија за 10 години, туку загуби за 100 дена влада на Заев“, вели Мицкоски.
Тој повторно ја актуелизира потребата од лидерска средба на која ќе разговараме за актуелната политичка, здравствена, образовна, економска ситуација.
-Веднаш лидерска средба за да можеме понатаму заеднички да ја градиме нашата Македонија, изјави Мицкоски.