Мицкоски-Паолучи: Да се започне со фискална консолидација

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес остварил средба со директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Македонија и Косово, Масимилиано Паолучи.

На состанокот се разговарало за актуелната економска ситуација во земјата со фокус на проектите кои се финансирани од страна на Светска банка.

-Мицкоски потенцирал дека е неопходно да се започне со фискална консолидација, со внимателно и домаќинско располагање на државните пари во пресрет на идните предизвици, а при веќе големи кумулирани обврски кои доставуваат за отплата во наредниот период.

Мицкоски укажал дека задолжувањето веќе е до алармантно ниво и затоа само преку брзо воспоставување на фискални правила може да се постигне целта, за што посочува и Светска банка.

Воедно, на состанокот се разговарало и за имплементацијата на проектите за локални патишта, и неговото претстојно одобрување од страна на Парламентот.

Во интерес на обезбедување на енергетска ефикасност на општините се разговарало и за реализацијата на расположливиот кредит од Светска банка за оваа намена.

Состанокот поминал во конструктивна атмосфера, со што претседателот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како и до сега, така и во иднина е спремна на соработка со Светска банка за сите отворени прашања кои се во интерес на обезбедување на подобар животен стандард на граѓаните, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини