Мицкоски: Петков од мене не бараше отстапки

од Nikola Popovski
239 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев, по што изјави пред медиумите дека пратеничката група ќе поднесе Декларација за ликот и делото на револуционерот во Собранието.

-Очекуваме сите партии да ја поддржат. Структурата е затоа што денеска е посебен ден. Ценам дека денов треба да го одбележиме, рече Мицкоски.

Тој посочи дека Делчев за него претставува Македонија.

-Од мене Бугарија не бараше отстапки, ако мислите на средбата со Петков. Споменаа за промена на Уставот и вклучување на дел од бугарското малцинтво. За тоа не се подготвени за тргање на фуснотата за македонскиот јазик и прашањето за реципроцитет. Суштината е да ја злоупотребат позицијата во ЕУ и да не натерат да прифатиме дека од среден век до 1945 година имаме заедничка историја и дека сме биле Бугари. Тоа е суштината, изјави Мицкоски пред новинарите.

Слични содржини