Мицкоски: Полека, но сигурно дебатираме и го губиме нашето наследство

од Nikola Popovski
136 прегледи

„Заев ги потврдува позициите на нашиот источен сосед и се согласува со нив. Тоа е таа негова игра на зборови, кога ќе каже дека тој бил Македонец, а мисли на 1944 година, па наваму“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, од денешниот протест на партијата пред влада.

Според него, полека, но сигурно дебатираме и го губиме нашето наследство.

„Поминаа 10 дена и не се повлече од скандалозното интервју. Поразите ќе ги прикажува како штитење на идентитетот. Па да бидеме задоволни и среќни ако некој бугарски политчар потшепне Македонци. Позади се ова стои интерес. Еве јавно во повикувам Централниот регистер да каже дали акциите на рудникот Иловица се продадени на бугарски инвеститор“, вели Мицкоски.

Слични содржини