Мицкоски предложи нов пакет мерки: Викенд без ДДВ, недела неработен ден да се замени со друг ден

од Nikola Popovski
176 прегледи

Новиот пакет мерки за најранливите граѓани, пензионерите и компаниите е недоволен, симболичен и е гол маркетиншки трик дека нешто се прави. Компаниите затвораат, стопанството изумира, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го коментира предлогот мерки што Владата ги соопшти вчера за справување со економската и енергетската криза.

Според него, актуелниот пакет не ги решава останатите проблеми.

-Мерките на планот на оние од ковид-кризата и не ги решаваат проблемите на граѓаните со кои се соочуваат, рече Мицкоски и понуди свој план за справување.

Првиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е вишоците струја кои ги произведува АД ЕСМ кои се јавуваат во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството и тоа од 1 ноември до крајот на кризната состојба. Цената, според Мицкоски, нема да надмине 80 евра за мегават часови и се работи за 200 до 250 илјади мегават часови.

Според него, за ова да се оствари треба да се интервенира во два закони бидејќи недела е неработен ден, за да може работодавачите да одберат кој ден од неделата би го користеле за слободен ден. Втората мерка е секоја компанија која ќе плати цена на струја за мегават час над цената на регулираниот пазар, половина од разликата да ја преземе државата со субвенција. Според калкулации на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за педесетина милиони помош кон стопанството за да не ни случи колапс.

Мицкоски предложи како мерка викенд без ДДВ за основните прехрабени производи, интервенција во Законот за личен доход за што ќе поднесат измени во Собранието, да се одложи скалестото оданочување од 1 јануари 2023. Последната мерка се однесува на „дестерелизирање на благајничките записи во Народната банка“.