Преговарачките позиции се подриваат со тоа што Артан Груби, Бујар Османи и Али Ахмети лицитираат со промена на Уставот, а тоа го потврдува администраторот Ковачевски, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски додавајќи дека нема намера да поддржи никаков пазар во однос на разговорите со Бугарија.
-Така се подриваат преговарачките позиции, а со барање да се поддржи декларација за Гоце Делчев, не само што се зацврстуваат, туку и уште повеќе се дава тежина на тие преговарачи кои се на маса и преговараат. Затоа понудив единство, да застанеме сите заедно во одбрана на македонските национални интереси – зашто на народот му е преку глава од корумпирани политичари кои се богатат на сметка на идентитетот на народот и градат политички кариери. Не треба само да климате со глава додека ги газите црвените дебели килими каде и да одите надвор од Македонија, туку да седнете со граѓаните и да ги прашате што им недостасува, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.