„Ако си соработник на Зоран Заев, за сомневање за сторен криминал завршуваш со одземен пасош или во куќен притвор, а во суд одиш со рацете во џеб“, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го коментираше денешното приведување на поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски.
Според Мицкоски, „во спротивно добиваш 30 дена затворски притвор и во суд те носат со лисици на рацете“.
Драги Рашковски денеска претпладне е донесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Тој беше приведен откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција. Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка – „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.