Дигитализацијата не претставува PDF формат на учебник, туку дигитализација претставува мултимедијална интеракција со компјутерот. И ние го имавме тоа предвидено во програмата, но ги имавме предвидено и учебниците, сподели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Оние ученици што не можат од определени причини, продолжува тој, не само поради недостаток на хардвер или компјутер, можеби поради здравствени причини некое дете не може да седи пред компјутер и да помине осум часа и на тој начин да ја следи наставата и да се надградува.
„Развојот на моториката на децата е со читање на книга, со пишување. Тоа се моменти кои овие политичари, за жал водејќи се од провизии и квази реформи, ги забораваат. И она што е најсуштински проблем за нас кај овие политичари, е тоа што не прават суштинска анализа, туку носат политика, па потоа ги гледаат негативните последици од истата“, додава Мицкоски.