228
Гледате што се случи во Прилеп. Претходно го опожарија возилото на Комуналното претпријатие, па градоначалникот имаше став. И покрај тоа што Советот во општина Прилеп јасно кажа дека треба да се смени командирот на полициската станица, но од Спасовски и МВР нема реакција, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод синоќешното опожарување на автомобилот на пратеникот Петар Ристески.
Мицкоски истакна дека „за малку фалеше поголема трагедија да се опожари семејната куќа на пратеникот Ристески“.
-Ние сме навикнати да живееме под притисок. Ако мислат дека тоа е начинот да се прават политички притисок врз политички неистомисленици се лажат. Петар е цврсто момче и ќе го издржи сето ова, одговори Мицкоски на новинарско прашање.