Мицкоски: Се вакцинирав, иако имам антитела со вредност 1.198

од Берта Китинска
326 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој пред неколку месеци прележа Ковид-19,  кажа дека се вакцинирал против вирусот, и покрај тоа што пред една недела се тестирал за антитела, а тестот покажал екстремно висока вредност од 1.198.

За време на гостувањето на телевизијата Алфа, Мицкоски рече дека вакцината ја примил завчера во спортскиот центар „Борис Трајковски“ заедно со неговата сопруга, а на овој чекор се одлучил поради важечките епидемиолошки мерки во државата.

„Го имам и тестот, можам да го покажам, од Институтот за трансфузиологија. Но, бидејќи сум лимитиран и не можам пристојно да се движам низ државата поради оние мерки коишто за мене лично се катастрофално глупави, отидов, се пријавив и се вакцинирав. Тоа не го направив пред камери, како што го прават поединци“, рече Мицкоски.