Мицкоски се закани дека наскоро сегашната Влада „ќе одговара“ за погрешните политики

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека продолжува несовесното однесување на Владата и како што велат свесно доведување на државата во подредена положба. Ова го потенцира и нивниот лидер Христијан Мицковски како реакција на веста дека Владата во вторник ќе се задолжи со нови 53,6 милиони евра.

– Ве предупредуваме, ВНИМАТЕЛНО со ресурсите на граѓаните, за месеци од сега новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бара одговорност за овие штетни и погрешни политики. Доаѓа #ОбноваНаМакедонија, напиша на својот Фејсбук профил Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Слични содржини