Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одржал состанок со претседателите на партиите дел од коалицијата за „Обнова на Македонија“.
-На состанокот претседателите на сите партии беа едногласни дека со секој поминат ден со СДСМ и ДУИ на чело на владата народот живее се полошо, криминалот е секојдневие, а сиромаштијата се повеќе ни се заканува.
Премногу е од оваа власта, е генералниот заклучок од средбата, констатација која што велат не е само нивен став, туку и на стотици илјади граѓани низ државата.
Претседателите на политичките партии дел од Коалицијата за Обнова на Македонија дадоа поддршка за протестот во сабота на 18-ти јуни, и сите политички партии учествуваат во негова подготовка и се поголема масовност на истиот.
Пораката која власта одамна одбива да ја прими е дека е премногу, и дека мора да се распишат предвремени парламентарни избори, за на чело на државата да застане политичка коалиција која ќе ја извади Македонија од кризите во кои СДСМ и ДУИ не втурнале, стои во соопштението од најголемата опозициска партија.