Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека секое четиричлено семејство за само една година има долг од 77.500 денари.
-Како ја завршивме економски 2021 година: Приходи во буџет околу 3,55 милијарди €, расходи во буџет околу 4,18 милијарди €.
Разликата помеѓу буџетските расходи и приходи изнесува околу 0,63 милијарди € или нов долг за македонските граѓани од 630 милиони €. Проектираниот бруто домашен производ за 2021 година беше 11,714 милијарди € што значи дека во годината на локални избори власта го зголемила долгот за околу 5,14%, а секое четиричлено семејство го задолжила за 1.260€ или за 77.500 денари, стои во објавата на Мицкоски на Фејсбук.