Новото уставно име Република Северна Македонија е реалност, дали реалноста ни се допаѓа, не ни се допаѓа , вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Тоа што се случува во советите е бидејќи законот за локална самоуправа не е усогласен со уставот. Затоа изјавите се такви какви што се. Дали од тоа некој сака да направи дефокус од падот на Владата, е друга тема. Суштината е дека треба да имаме брзи парламентарни избори со оставка на Владата и да ги решаваме. Ако ме прашувате дали е реалност, па ние функционираме. Таа нова реалност ја донесе Зоран Заев, ние сме се произнеле за таа нова реалност. И новите градоначалници се произнесоа. Дали реалноста ни се допаѓа, не ни се допаѓа. Ако не се почитува таа реалност, има други последици, како Обвинителство и судство, кажа Мицкоски.
Тој уште еднаш потенцираше дека потребни се брзи парламентарни избори.