Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека е доволно кажано во врска со дипломатот Миле Миленковски, кој српската полиција го уапси пред неколку дена под сомнение за сторено кривично дело.
-Сега видовме дека мафијата не е само во МВР, туку и во дипломатијата, па така имаме случај во кој преку дипломатски скандали биле евакуирани лица кои биле барани преку Интерпол. Жалам за се ова што ја срами и гуши Македонија и ја бутка во политичко мочуриште, кое што СДСМ и ДУИ го донесоа, вели Мицкоски.
Според приложените документи на министерот Османи, уапсениот дипломат бил проблематичен цели 12 години. Во 2009та година екс министерот Милошоски го преместил од Детроит во Вашингтон, а оттаму го преместил во Чикаго поради кавга и инциденти. Миленкоски во 2017та е поовлечен од мисијата на ОБСЕ во Виена, за годинава повторно да биде вратен.