Мицкоски снимен во друштво на Томе Блажески – претседател на бугарското здружение Цар Борис трети

од Vladimir Zorba

На социјалните мрежи се шири фотографија на која се гледа претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со Томе Блажески – претседател на бугарското здружение Цар Борис трети.

Фотографијата е направена во Бигорскиот манастир.

Томе Блажески може многу често да се види во друштво на националисти во соседна Бугарија и противници на кревањето на бугарската блокада за почеток на преговори на С.Македонија со ЕУ, како Красимир Каракачанов, претседател на бугарското ВМРО.

Бугарската партија ВМРО, на поранешниот министер за одбрана, Каракачанов, организираше и протести против евентуално тргање на бугарското вето, а често со националистичка реторика подгрева тензии меѓу двете земји.

Тој се споменуваше и како еден од мотиваторите на отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, настан на кој што присуствувал и Блажески.

Слични содржини