Апелираме за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот пожар во Тетово, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата.
Изразуваме надеж дека нема човечки жртви. Нашите мисли се со семејствата и луѓето кои вечерва се таму и се соочуваат со оваа тешка катастрофа, напиша Мицкоски.