Мицкоски со порака: Јас нема намера да си дадам оставка

од Берта Китинска
316 прегледи

“Јас нема намера да си дадам оставка.Дури сум жив ќе се борам против оние кои му служат на Зоран Заев за да си го заштитат својот криминал.Зборат за вонреден конгерс , но таква иницијатива нема доставено до партијата што значи само тоа е тема за да се покаже слабоста на пратијата .Хотелската коалиција или Зоран Заев не може да се иднината на Македонија. Или тие, или Македонија’!, изјави лидерот на ВММРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес кај опозициската ВММРО ДПМНЕ како реакција по вчерашниот состанок на ИК изјавија дека единственото кадровско освежување  кое што во моментов е неопходно и може да му донесе корист на ВМРО-ДПМНЕ е оставката на Претседателот Христијан Мицкоски и закажувањето на вонреден конгрес .

Претседателот Христијан Мицкоски е лично одговорен за тоа што од вчера Зоран Заев по втор пат стана премиер.  Додека вчера членството на ВМРО-ДПМНЕ разочарано гледаше како функционерите на СДСМ си ги примопредаваат кабинетите , Претседателот Мицкоски прославуваше уште една победа , која овој пат ја нарече „почеток на крајот” на СДСМ. Ваквото живеење во стаклено звоно, ВМРО-ДПМНЕ го носи во амбис. Мицкоски веќе нема контакт со реалноста и мора да си замине и да престане да нанесува непоправлива штета на партијата. Не смее да се чека да се загубат и следните локални избори по кои Мицкоски ќе прогласи „финале на падот на СДСМ”, изјавија од Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес.

Слични содржини