„Неспособноста на Заев и Филипче да набават вакцини руши рекорди. Блумберг направил анализа и интерактивна мапа за следење на процесот на вакцинација до сега. Македонија е на 118 место од 122 држави. На дното од дното. 5 место, но од назад. Срамота и греота“, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот профил.
Според него, пред нас се Албанија, Бугарија, Грција, а да не зборуваме и за Хрватска и Словенија.
„И Црна Гора и Словенија и Луксембург и Малта и многу други држави се или помали од нас или со иста големина, а веќе имаат десетици или стотици илјади вакцинирани. Не може за цел свет да има вакцини, само за нас да нема! До вас е! До Заев и Филипче! И вие ги носите на совест сите заболени и починати од јануари навака, тоа се луѓе кои немаше да заболат или починат ако ја набавевте вакцината на време. И за нивната мака ќе одговарате! Ќе одговарате за тоа што им го направивте животот пекол!“, стои во објавата на Мицкоски.