Мицкоски ветува дека Уставот нема да се менува

од Nikola Popovski
144 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето денешно обраќање на Првата годишна конференција на Унијата на Ветерани на партијата што се одржа во демирхисарското село Смилево, вети пред присутните дека Уставот нема да се менува.

-Стојам пред вас по десети, петнаесети, дваесети пат, нека слушнат, Уставот нема да се менува. Без разлика каков ќе биде резултатот, иако јас верувам во мојот народ, иако јас верувам во моите сограѓани дека ќе излезат масовно и ќе гласаат за напуштање на овој асимилаторски договор. Ви велам најотворено и најискрено, нема менување на Преамбулата затоа што не го заслужиле тоа. Затоа што ниту една пресуда на Судот за човекови права од Стразбур за нашите браќа во Пиринска Македонија не е имплементирале, затоа што негираа. Одат и чекор понатаму. Со сила сакаат да не натераат да се откажеме од правата на нашите браќа од Пиринска Македонија. Епа нема. Додека е ВМРО-ДПМНЕ живо ние нема да се откажеме од нашите браќа од таму, изјави Мицкоски пред присутните.