Мицкоски: Власта ги урна преговарачките позиции создавани во изминатите децении

од Берта Китинска
269 прегледи

Македонија се соочува со последиците од политиката на актуелната власт која ги урна преговарачките позиции на државата создавани во изминатите децении, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат.

Тој вели дека следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ би го напуштила договорот со Бугарија во случај бугарската страна да не отстапи од своите позиции на, како што рече, „асимилација на овој народ“.

Говорејќи за спорот со официјална Софија, Мицкоски рече дека досега неколку пати апелирал до премиерот Заев да не се носат брзоплети решенија.

Слични содржини