Не сум човек кој се откажува, тоа не е во мојата природа, и кој, ако не ние, не се зафатиме со работата кога е најтешко. И кога беше најтешко имаше луѓе кои веруваа во мене и ме поддржаа, а јас верував во нив и во мојата цел, ВМРО-ДПМНЕ да ја реформираме и да ја вратиме на победничките патеки. Затоа што само силно ВМРО-ДПМНЕ ќе значи и силна Македонија, рече Христија Мицкоски по неговиот реизбор .
Во својот говор реизбраниот лидер најави втора епоха која ќе подаде рака до мудрите граѓани на кои сите заборавиле.
-Влегуваме во втора епоха, општествена мобилизација на секој поединец во земјава. Повикуваме на општествена мобилизација на секоја креативна индивидуа која ќе биде моторот до напредокот на државата.Втората епоха значи подавање на рака до мудрите граѓани на кои сите заборавија. Се обединуваме како тенки гранки во еден сноп, рече Христија Мицкоски по неговиот реизбор .
Тој вели дека со повторното вложување на целото знаење и способност ВМРО-ДПМНЕ ќе стане посилно.
-Во Валандово од збор до збор се сеќавам на моите зборови со кои ја поставив дилемата дали ќе успееме и дали ние ќе бидеме генерацијата која ќе донесе промени и придвижување на Македонија. Одговорот кој тогаш го кажав, беше не знам. Но, дали со сета моја сила, знаење, одговорност и интегритет ќе се трудам да донесам успех? Одговорот беше да.4 години подоцна ќе дадам одговор на оваа тогашна дилема. Сега знам дека ќе успееме. Повторно вложувајќи го сето наше знаење и способност за да успееме. Ќе успееме затоа што нашата желба за успех е поголема од опцијата да доживееме неуспех, и затоа што поразот не е опција кога влогот е Македонија, нашата иднина, и иднината на нашите луѓе и семејства, изјави Мицкоски по Конгресот за реизбор за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.