Мицкоски во преговори за да обезбеди ново мнозинство

од Берта Китинска
291 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека  работи на ново парламентарно мнозинство за да може да побара распуштање на парламентот и одржување предвремени  избори.

„Не познавам друг начин за одржување предвремени избори, а што се однесува до методологијата, секојдневно работиме на тоа и кога ќе имаме 61 пратеник јавно ќе соопштиме“,рече Мицкоски.

Тој рече дека кога ќе го обезбеди мнозинство ќе ја информира јавност.

„ Дали е  опфатен дел од пратеничката група на СДСМ во тие преговори, да, е опфатен. Оптимист сум дека оваа Владата треба час поскоро да замине. Секој ден поминат на Зоран Заев во Владата е на штета на граѓаните“, рече Мицкоски.