Мицкоски: За барањето на БЕГ предупредивме уште претходно

од Nikola Popovski
252 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека за барањето на БЕГ за покачување на парното за 300% предупредиле уште претходно и токму затоа неопходни се предвремени парламентарни избори и луѓе кои што ќе знаат да ги решаваат овие проблеми.

-Зборуваме за компанијата којашто снабдува 50-60 илјади домаќинства во Скопје, тоа е резултат на високата цена на гасот, кој што тие го користат за производство на топлина, односно да ги затоплуваат домовите на овие 50 -60 илјади домаќинства во градот Скопје и за тоа зборувавме и за тоа предупредувавме дека ќе се случи, нè убедуваа дека работата е под контрола, дека ситуацијата со затоплувањето во градот Скопје ја имаат под контрола, ја владеат и така натаму, но очигледно дека не е така, што може да се случи, може да останеме без затоплување на први јануари, голем дел од домаќинствата коишто користеа централно затоплување да ги вклучат греалките, да ги вклучат инверторите, да ги вклучат клима-уредите, и да дојде наеднаш до енергетски шок, односно до зголемена побарувачка и потрошувачка на електричната енергија и тогаш тоа сите ќе го осетиме низ цела Македонија, рече Мицкоски денешната посета на РЕК Битола.

Според Мицкоски, изјавата на Андреј Петров за вклучување на Бугарите во Уставот претставува продолжување на, како што рече, „домат дипломатијата којашто ја гледавме четири години од страна на Зоран Заев“.

– За промена во Уставот требаат две третини, а колку што јас знам ова владејачко мнозинство нема две третини во македонскиот Парламент, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.