Мицкоски за францускиот предлог: Тоа е класичен нокаут

од Nikola Popovski
219 прегледи

Врз основа на тоа што го читаме и добивме како информација, ако е така тога е шокантно, негативно и лошо. За тоа зборував цело време, дека се предвидува да сите барања на Бугарија бидат дел од преговарачката рамка. Ова е нокаут за македонската дипломатија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ за францускиот предлог, бугарските услови да влезат во преговарачката рамка.

Тој го повтори ставот дека тоа би значело оти ние или ќе се асимилираме, односно бугаризираме или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ.

-Ако е ова предлогот, тогаш не би сакал таква иднина односно не би сакал влез во ЕУ. Тоа е класичен нокаут. За мене уште поголем нокаут е лицемерната политика. Затоа што денеска покрај овој нокаут за македонската дипломатија, слушам уште еден преседан, а тоа е да се уценува Македонија земја кандидат, а притоа да се излезе со позиција дека Украина заслужува кандидатски статус, рече Мицкоски.

Тој побара итна средба со целиот државен врв за заедно да постават траекторија по која Македонија треба да се движи по сите овие предизвици.

Бугарски „Медиапул“, според дипломатски извори, попладнево објави дека францускиот предлог за решавање на спорот значи вклучување на сите бугарски барања во преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.