Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека Владата ги модифицирала мерките како што им одговара, а не прифатиле за акцизата што е според Мицкоски, суштинска мерка.
-Не прифатија речиси ниту една наша предложена мерка. Единствена мерка што ја прифатија е за ДДВ за сметките за електрична енергија. Тоа беше мерка што ние ја предложивме. Тоа е суштината меѓу оваа опозиција и кога СДСМ беше во опозиција. ВМРО-ДПМНЕ предлага и ќе продолжи да предлага. Зошто после толку време никој не го споменува бројчаникот на Трумфалната порта. Се сеќавате на него или сега е енергетска криза, па затоа не го палата, за да заштедат струја? Ние покажавме поинакво однесување, вели Мицкоски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
За преговорите и набавката на автобусите, Мицкоски вели дека „ако е грев тоа што сакаме да го подобриме квалитетот на воздухот и животот на скопјани, ако е тоа грев да одиме да бараме инвеститори по светот, тогаш веднаш нека ме апсат“.
-Нека не прават истраги. Веднаш да ме апсат од студиово нека ми стават лисици. Знам дека и мене и на мојот тим ако успееме да обезбедиме и едно добро платено место. Ако е тоа грев, воопшто нека не чекаат. Јас кажав најпрво да се замени возниот парк на ЈСП Скопје со еколошки автобуси, додава Мицкоски.