Мицкоски за пресудите во „Двојник“: Овие службеници се топовско месо

од Nikola Popovski
383 прегледи

„Денес, кога за тоа што над 200 криминалци од Шкаљарскиот клан, турската, албанската мафија, ИСИС, италијанската ‘Ндрангета имаат македонски пасоши кои не се поништени, судството на Заев суди по само 2 години затвор, Заев и Спасовски никаде ги нема да кажат збор“, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги коментира првите пресуди за случајот со фалсификуваните пасоши.

Според него, „овие службеници требат да бидат топовското месо за да се заштити криминалот на власта“.

„Кога ја објавив аферата мафија, Спасовски и Заев рекоа дека сум направил саботажа. Договорена работа и голем срам! Одговорност ќе има веднаш по смената на власта“, потенцира Мицкоски.

Вкупна затворска казна во времетраење од шест години и десет месеци одреди Судот на тројцата вработени во МВР и условна казна од шесет месеци на четвртиот вработен за злоупотреба на службената положба, во случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани.

Денис Баруфи доби највисока казна затвор од 2 години и 7 месеци, Ален Личина 2 години и 3 месец, Ѓорѓе Велков 2 години, додека Фарук Биља доби условна казна затвор во времетрање од 6 месеци бидејќи презел само едно дејствие, додека останатите повеќератно го повторувале.

Посредникот Раиф Мифтари доби казна затвор од 2 години и 3 месеци. Максималната затворска казна што им се закануваше беше 3 години затвор. Судот ги подели постапките и им изрече казни на оние кои денеска признаа вина.

Покрај казните, вработените во МВР добија и забрана за вршење на професијата во наредните 10 години. За останатите петмина вработени од МВР, кои се изјаснија за невини, судењето ќе продолжи в петок.

Слични содржини