Мицкоски за сведочењето: Атмосферата беше чудна сакав да бидам вицкаст за да внесам ведрина

од Берта Китинска
345 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска сведочеше за настаните од ” 27 април”.

Како што истакна Мицкоски пред судот, никој член од неговата партија не бил дел од организацијата на упадот.

„Народот тој не само тој ден и месеците наназад се самоогранизираше. На дел од тие протести бев и јас. Протестиравме против погрешните политики во најава и ценам дека е демократско право на ској граѓанин да изрази револт против определени политички партии и структури. Ниту било кој член на ВМРО-ДПМНЕ е дел од организацијата при упадот“, истакна Мицкоски.

На новинарското прашање дали можеби е скаран со обвинетите зошто на  судењето, Мицкоски одговори „ваљда не сум“ тој по излегување од судницата појасни дека бил вицкаст  и само сакал да внесе малку ведрина на судењето, а е во пријателски односи со сите обвинети.

-Атмосферата беше чудна и сакав да внесам малку ведрина на судењето, изјави  Мицкоски

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Слични содржини