Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Хриситја Мицкоски, законот за легализација на дивоградби се политизира од страна на СДСМ и повторно бараат виновник таму каде што не е виновникот.
Нека се погледнат самите и ќе го добијат одговорот, вели Мицковски одговарајќи на новинарско прашање кој ќе биде неговиот став и на ВМРО ДПМНЕ за законов и за амандманот во којшто јавноста и експертите сметаат дека има скриена амнестија за политичарите, кои граделе на диво.
-Ако има скриена амнестија, таа многу порано ја даде еден претседател на државата за денешниот за жал премиер во Владата, којшто единствен аболициран политичар и човек, којшто со активен судски предмет влезе во неговиот мандат во 2017 година. Тоа е јавна амнестија, тука нема скриена амнестија, вели Мицкоски.