Мицкоски: За жал, очекував повеќе од Азески, наседнат е

од Nikola Popovski
220 прегледи

„Човек ќе помине цел живот и нема да ја научи основната лекција, не суди врз основа на едно слушнато лажно мислење, тоа те прави, и покрај сето искуство, недостоен. Па и во минатите режимски времиња од едно мислење не се обвинувало, судело и пресудувало, осудениот имал право на свое мислење. Но, ете…, тоа е нашата бизнис елита, а требаше да биде авангарда, кога веќе Владата не ја бива“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обраќајки му се на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, кој рече дека со кочење на економските закони пратениците удираат по компаниите.

Тој пишува дека Азески има погрешни информации.

„Ве излажале, ве наседнале, жалам, очекував повеќе од вас…, вистината е поинаква и да, еве ви ветувам вака јавно кога тие закони навистина ќе дојдат во парламентот, ќе ги поддржиме. Ние сакаме да бидеме партнери со бизнисот, а не да ве рекетираме, ние сакаме да спасиме повеќе работни места, а не да фингираме, ние сакаме поинаква Македонија, охрабрете се, застанете со нас, до вистинските вредности, оставете ги овие мафијаши од власта, одбројани им се деновите. Ве поздравувам и Ви посакувам подобри бизнис резултати и повеќе спасени работни места и помалку да дозволувате да бидете лажени од луѓе што во својот живот шајка не заковале“, стои во Фејсбук статусот на Мицкоски.

Слични содржини