Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја продолжи препирката со шефот на државата, откако Пендаровски одговарајќи на неговиот повик „да биде достоен на функцијата“, му одговори дека за разлика од него, тој секогаш бил гласен кога биле во прашање интересите на граѓаните, а тој на „не бекнал” за екстремно за промена на границите на Балканот.
Мицкоски смета дека во одговорот, претседателот Пендаровски сакал да биде сатиричен а испаднал смешен.
„Претседателе Пендаровски погледајте го моето последно интервју дадено во петокот и ќе слушнете грмење не бекање за националните теми меѓу која и таа измислената што ја споменувате да го исперете криминалот, корупцијата и срамот на стопанот. Грмење за тоа што ја доведе Македонија во подредена положба заедно со стопанот“, напиша Мицковски на својот фејсбук профил.
На забелешката од шефот на државата дека најавата и гаранциите за апсења од страна на политичари асоцираат на времињата кога на власт беше единствената партија и таа беше и полицаец, обвинител и судија, Мицкоски одговара дека тоа се случува токму денес.
На забелешката од шефот на државата дека најавата и гаранциите за апсења од страна на политичари асоцираат на времињата кога на власт беше единствената партија и таа беше и полицаец, обвинител и судија, Мицкоски одговара дека тоа се случува токму денес.
„Можам да Ви кажам добредојдовте во 2021 година, или да бидам попрецизен денес не партијата на власт туку вашиот стопан е полицаец, обвинител и судија. Следниот пат наместо да плачете на медиуми зошто сме лидери според корупција, криминал во Европа, додека балкански нарко босови шетаат со македонски пасоши и мара е главен бизнис во државата, БЕКНЕТЕ нешто, зошто ни ја снемува државата. И да…, одговорност ќе има, порано или подоцна, јас Ви ветувам”, напиша Мицковски.