197
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повторно ја предложи 2033 година како краен рок за завршување на процесот за пристапување на Западен Балкан во Европската унија, пристигнувајќи на самитот на ЕУ во Брисел, објави грчката телевизија „Скај“.
Тој нагласи дека Грција е на страната на Западен Балкан и ја разбира нивната релативна недоверба, бидејќи напредокот што е направен е практично минимален.
„Ова е добра можност овој процес да се рестартира со уште поголем интензитет. Неопходен предуслов за тоа да се случи е конечно да се реши спорот меѓу Софија и Скопје, за да можат официјално да започнат преговорите меѓу Северна Македонија и Албанија за нивниот пристапен процес“, рече грчкиот премиер.