Мицотакис: Грција е подготвена за најлошо сценарио доколку Русија ја прекине испораката на гас

од Берта Китинска
196 прегледи

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска изјави дека Грција презела мерки за да ги обезбеди потребните енергетски резерви во текот на зимата во случај Русија да ја запре испораката на гас.

– Подготвени сме за најлошото можно сценарио, а тоа е Русија да ги запре испораките на природен гас – изјави Мицотакис на прес-конференција во Солун.

Тој рече дека Грција обезбедила доволно товари течен природен гас, дека неколку електрани се подготвени да преминат од гас на мазут и дека капацитетите на јаглен се зголемени, пренесе Ројтерс.

Слични содржини