Карантинот беше одговор на пандемијата пред вакцината, рече грчкиот премиер Кријакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Мега“ и ја отфрли можноста за ново затворање во земјата, објаснувајќи дека сега постои „пандемија на невакцинирани“.
– Вакцинирани се 73 отсто од полнолетните Грци и 63 проценти од населението е вакцинирано. Па така, денес се наоѓаме соочени со пандемија на невакцинирани, а причината зошто се случува ова е многу едноставна, бидејќи во моментов немаме суштински рестриктивни мерки како оние што ги имавме лани. Локдаун-от беше одговор на сите организирани општества пред вакцината. Сега, кога имаме вакцина, нема повторно да одиме на локдаун, рече Мицотакис.
За само три дена, од понеделникот до вчера, во Грција беа регистрирани 18 299 нови случаи на ковид-19.