Премиерите на Грција и Бугарија, Киријакос Мицотакис и Кирил Петков, денеска во грчкиот град Комотини свечено го пуштија во употреба новиот гасен интерконектор ИГБ со кој ќе се транспортира природен гас од Азербејџан до Бугарија.
Интерконекторот Грција-Бугарија (ИГБ) „не е само гасовод за пренос на природен гас, туку и клучен енергетски мост што ќе ги обедини северот и југот, зближувајќи ги Грција и Бугарија“, рече Мицотакис.
Бугарскиот премиер оцени дека пуштањето во употреба на новиот гасовод ќе ја промени картата на регионот, ќе даде поттик за соработка и ќе стави крај на рускиот монопол, бидејќи ќе има пристап до различни извори на енергија, пишуваат грчките медиуми.
Гасоводот е долг 182 километри, а во првата фаза годишниот капацитет ќе биде три милијарди кубни метри гас.