Мицотакис се заблагодари на земјите што испратија помош во гаснењето на пожарот

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис им се заблагодари на сите земји што испратија помош во борбата против пожарите кои со денови горат во таа земја.

– Во име на грчкиот народ, сакам да изразам искрена благодарност до сите земји што испратија помош и средства за да ни помогнат во борбата против шумските пожари. Ви благодарам што сте со Грција во овие тешки времиња – напиша Мицотакис синоќа на Твитер, пренесe Катимерини.

На Грција и помогнаа 11 членки на Европската унија, Србија, Египет, Израел, Кувајт, Молдавија, Катар, Швајцарија, Украина, Обединетите Арапски Емирати, Обединетото Кралство и САД.

Слични содржини