Мизинцев: Фабриката „Азот“ полна со цивили, Украинците ги чуваат како жив штит

од Stefanija Kuzmanovska
253 прегледи

Русија ќе обезбеди излез за цивилите во фабриката за ѓубриво „Азот“ во спорниот град Северодоњецк, но ќе користи поинаков план од оној што го бара Киев, објави руската армија, пренесува RT.

Украинскиот предлог можеби е обид да се извлечат заробените украински војници од блокадата, се вели во соопштението.

Во руското соопштение се вели дека цивилите во фабриката „Азот“ биле користени како „човечки штит“ од украинските војници кои се засолниле во фабриката. Во него се наведува дека стотици неборци биле принудени да се преселат во последното упориште на украинските сили во градот, додека руските и сојузничките трупи окупирале станбени области.

– Украинската страна ја смета позицијата на нејзините воени единици безнадежна, затоа барањето за спасување цивили го сметаме за обид за извлекување на преживеаните војници од блокадата, рече генералот.

Руската армија соопшти дека ситуацијата не се разликува од она што се случи во градот Мариупол, каде што украинските војници беа блокирани во фабриката „Азовстал“ со недели пред да се предадат на руските и сојузничките трупи.

Мизинцев ги повика украинските власти да им наредат на своите војници во Северодоњецк да го положат оружјето и да се предадат.

Во меѓувреме, Русија е подготвена да им дозволи на цивилите безбедно да преминат на територијата контролирана од Луганската Народна Република (ЛНР), под услов украинските војници да ги пуштат, се вели во соопштението.

Северодоњецк е едно од ретките места на територијата на ЛНР каде се уште се присутни украинските војници. Минатата недела рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека трупите на неговата земја и локалните милиции контролираат 97 отсто од територијата на републиката.

Слични содржини