347
Алтернатива има интересно име. Колку што знам името го добила бидејќи нивната политика требаше да претставува алтернатива од политиките на ДУИ во албанскиот блок, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во емисијата „Само вистина“.
Таа сметала дека Гаши како политичар има свои вредности и принципи за да ја задржи својата вредност и вредноста на партијата, како алтернативна.
-Не знам каква алтернатива на ДУИ партијата ќе претставува, кога ќе седне заедно со нив во Влада. Тоа ќе биде интересно да се гледа од страна, додава Мизрахи.