Мизрахи: Не е јасно што значи прв вицепремиер дали тој ќе има повеќе или поинакви надлежности како заменик на премиерот

од Aleksandar Petrovski
153 прегледи

Во интервју за Алфа ТВ, Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека имаме двојност во премиерската функција, двајца премиери истовремено.

-Утре е 29 години од независноста каде имавме референдум на кој граѓаните гласаа со 95 отсто за независна Македонија. Се надевам дека ехото од тоа Да ќе одекнува уште долго. Меѓутоа во овој момент го добивме Артан Груби како вицепремиер број 1. Не е јасно што тоа значи прв вицепремиер дали тој ќе има повеќе или поинакви надлежности како заменик на премиерот или дали во овој случај гледаме двојност во премиерската функција, двајца премиери истовремено. Ова ќе постави доста прашања во функционалноста на владата. Ќе има суптилни прашања каде двајцата премиери ќе мора да решаваат во вакви услови на ковид криза тоа е суптилно за државата рече Мизрахи.