Мизрахи: Проблемите во социјалниот дијалог може да се надминат

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Работодавачите и работниците не треба да се гледаат преку нишан, треба да се почитуваме меѓу себе, да градиме компромиси во интерес на сите, порачаа работодавачите по денешната средба на Економско-социјалниот совет. Синдикатите, пак, велат дека и натаму ќе се борат за правата на работниците, иако во нивните изјави и ставови има разлики дали и колку власта направила во овој период за заштита на нивните права и во однос на функционирањето на овој совет.

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи која претседаваше со Советот изјави дека има прашања и проблеми кои треба да се решаваат, но оти низ разговор и компромис можат да се надминат.

– Целта на состанокот беше да се запознеме со општата ситуација и со претставниците на самиот Совет. Првите заклучоци, според изјавите кои ги добивме се дека има одредена дискрепанца во однос на нормалното секојдневно функционирање на ЕСС во однос на забелешките кои ги давале на состаноците, но ќе треба повеќе да навлеземе во проблематиката, да ги ислушаме сите страни. Сите проблеми се надминливи. На денешниот состанок наидовме на блага тензија меѓу синдикатите и делумно работодавачите, но не верувам дека овие проблеми не можат да се надминат, рече министерката.

Слични содржини