Ситуацијата со Бугарија е небулозна. Македонија припаѓа во Европската Унија, вели пратеникчката и Член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во „Само интервју“ на Канал 5.
-На Македонија секогаш Брисел и Вашингтон и биле стратешки партнери. Спорот со Бугарија е билатерален кој на големите европски држави не им е јасен зошто да се стави вето за да се влезе во ЕУ.
Мизрахи вели дека Бугарија може да стави вето бидејќи е членка на ЕУ, и дека можеби ова е едни вид предизборна кампања, бидејќи во земјата наредната година ќе има парламентарни избори.
На прашањето зошто владата е виновна за тоа што Бугарија условува и се заканува со вето, Мизрахи вели дека проблемот е во договорот во кој не се точно утврдени тезите.
-Во договорот за Добрососедство нема црно, бели тези сега излага дека Македонија си толкува точки на еден начин,Бугарија на друг начин и со тоа се отвора простор за вето, вели Мизрахи.