Мизрахи во посета на семејството Наумовски чиј дом беше опожарен

од Берта Китинска
321 прегледи

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, заедно со директорката на Центарот за социјални работи на град Скопје, Наташа Станојевиќ го посетија семејството Наумовски и нивниот опожарен дом во Ѓорче Петров.

-Тие се сретнаа со Љубе Наумовски и разговараа за начинот на кој Министерството и Центарот за социјални работи можат да му помогнат на семејството кое се соочи со голема трагедија. На средбата министерката го информира дека семејството ќе добие еднократна парична помош во износ од 30.000 денари, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Дополнително, најавуваат оттаму, министерката ќе ги разгледа сите можности согласно надлежностите да семејството добие дополнителна материјална помош бидејќи нивниот дом изгоре во пожар во моментите кога нивниот син е на лекување во болница во Турција.

Истовремено министерката Мизрахи ги повика хуманите граѓани и компании да донираат на сметката на семејството бидејќи се потребни големи средства за лекување на нивниот син во Турција, како и за подигнување на новиот дом.

Слични содржини