Мјанмар: Осудена соборената премиерка

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

Судот во Мјанмар денеска ја осуди соборената премиерка Аунг Сан Су Чи на три години затвор под обвинение за примање мито, објави „Ројтерс“.

Премиерката се соочува со најмалку 18 обвиненија, кои се движат од корупција до кршење на изборните закони, кои вкупно може да носат максимална казна од речиси 190 години, пренесе „Ројтерс“.

Су Чи ги нарече обвиненијата против неа апсурдни и негираше каква било злоупотреба.

Таа е во домашен притвор во главниот град Нејпида, а судењата се затворени за јавноста.

Последното обвинение е поврзано со наводите дека Су Чи примала мито од бизнисмен, додаде извор на „Ројтерс“.

Противниците на воената власт велат дека обвиненијата против Су Чи имаат за цел да ја спречат повторно да се вклучи во политиката или да се обиде да ја предизвика воената хунта која е на власт од минатогодишниот пуч.

Слични содржини