Воените власти во Мјанмар ги предупредија демонстрантите дека им се заканува казна затвор од 20 години доколку се спротивстават на вооружените сили.
Се закануваат долгорочни затворски казни за секој што ќе се најде дека поттикнува „омраза и презир“ кон водачите на воениот удар, објавија воените власти на Мјанмар, пренесува Би-Би-Си.
Измените на законот беа објавени во време кога оклопни возила патролираа по улиците на градовите во Мјанмар, каде илјадници граѓани демонстрираа во изминатите неколку дена, барајќи ослободување на премиерот Аунг Сан Су Чи и враќање на демократијата во земјата.