Младинскиот културен центар стана членка на најреномираната мрежа на концертни сали на европскиот континент, Лајвјуроп, многу важни за функционирањето на европската музичка индустрија.
Членувањето е своевиден сертификат за квалитет што го добиваат концертни сали кои работат посветено на претставување на европската култура, на европската музичка сцена. До минатата година имаше 16 вакви концертни локации од 16 држави во Европа, меѓу кои се Ансен Белжик од Брисел и Вега од Копенхаген, а единствена од регионот беше Кино Шишка од Љубљана. Од годинава, МКЦ заедно со уште 4 концертни сали од Линц, Братислава, Загреб и Солун стануваат дел од оваа платформа.
За Русе Арсов, директорот на МКЦ ова е награда за сè она што го работеле изминатите години, а посебно последната година кога во време на пандемија беа сработени околу 130 концерти.