Млад Германец планирал да нападне мигранти

од Milan1
18 прегледи

Германските власти денеска објавија дека спречиле планиран напад на прифатен центар за баратели на азил и го уапсиле 21-годишниот осомничен напаѓач.

-Домот на осомничениот беше претресен во средата по „анонимна дојава дека тој набавил експлозив со цел во блиска иднина да изврши напад врз центар за сместување на баратели на азил во источна Германија“, се вели во соопштението на полицијата.

Се додава дека се запленети пиротехнички средства со голема моќност, ножеви, муниција и огнено оружје.

Осомничениот, по потекло од источниот регион на Саксонија, во текот на денот треба да се појави пред истражен судија.

Цел на неговиот планиран напад бил мигрантскиот центар во Сенфтенберг, јужно од Берлин, според обвинителството во Дрезден задолжено за случајот.

Слични содржини