Млад македонски ракометар загина во сообраќајна несреќа

од Берта Китинска
928 прегледи

Во сообраќајна несреќа животот го изгбуи 17-годишното момче од с.Лешани кое со своето возило излета од патот при што го загуби животот бил ракометар на РК Охрид.

Станува збор за младиот ракометар Јован Николоски, а трагичната вест ја соопштија од раководството на РК Охрид.

„Со длабока тага и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот Јован Николоски. Јован имаше само 17 години, настапуваше во младинските категории. Сочуство до семејството од играчите и управата на клубот, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш. ГРК Охрид“, пишуваат на Фејсбук ГРК Охрид.

Слични содржини